ВМРО-ДПМНЕ: Сите мерки кои што денес СДС се обидува да ги презентира како свои се резултат на работата и политиките на ВМРО-ДПМНЕ
СДС создава хаос во земјоделието. Сите мерки кои што денес СДС се обидува да ги присвои и да ги презентира како свои се резултат на работата и политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои ги градело и спроведувало во функција на земјоделците, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДС се што прави е лажење на земјоделците и злоупотреба на нивниот труд. СДС вети 6 милиони евра интервентен фонд истиот никаде го нема, СДС вети зелена нафта за земјоделците, а со ребалансот нема предвидено средства за истата, СДС вети 20 милиони евра дополнителни субвенции за земјоделците, пари кои исто така СДС не ги одвои. Владата на СДС исплати 25 милиони евра кон тутунарите по проект на ВМРО-ДПМНЕ. СДС скрати дополнителни 159 милиони евра денари за водостопанство, 128 милиони денари за капитални расходи и 100 милиони денари за рурален развој. СДС се што вети излажа. СДС ги прелажа земјоделците, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ, се додава во реакцијата, наследи пустош во земјоделството, кое СДС го оставија со слаби институции без никакви развојни политики и со буџет од нецели 6 милиони евра.
-ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 11 години инвестираше многу во земјоделието, го зголеми буџетот за 25 пати, односни 150 милиони евра, ги зајакна институциите, изгради нови и благодарение на успешните политики успеа да стане корисник на ИПА фондовите што ги доделува ЕУ. СДС се однесува неодговорно кон земјоделците. СДС го уништува македонското земјоделие. За ваквиот неодговорен однос кон земјоделците СДС ќе биде казнет на следните локални избори, се вели во реакцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа