ФОТО: Се сеќавате на малото девојче Сара од „Дајте музика“?

Се сеќавате на слаткото русокосо девојче Сара која во  култната серија „Дајте музика“ ја пееше детската песничка „Зелката има кошули триста“ која стана вистински хит и дефинитивно ја пеат и денешните деца,потоа се појави како водител на „Сител бамбини“ и на „Златна бубамара“?

Сара има 25 години и е дипломиран дефектолог-логопед. Ангажирана е со дечиња со посебни потреби на кои им помага во секојдневните активности.

-Сара се откажа од телевизијата. Едноставно заврши таа детска љубов кон екраните. Во тоа време уживаше во она што го работеше, но како минуваа годините таа се посветуваше на нови работи кои ја исполнуваа. Почна да тренира пливање, имаше добри резултати. Сега е посветена на професијата. Сама одлучи дека не сака повеќе да биде на екраните. Го избра она што го сака – вели нејзиниот татко Стево Чепишевски,пишува Курир.

22.08.2013 - 22:01

најчитано сега