Антикорупциска го известила Џафери за разрешувањето на Зврлевски

Државната комисија за спречување на корупција донела одлука по претставката на ВМРО-ДПМНЕ за разрешувањето на Зврлевски. Од Комисијата потврдуваат дека одлуката е донесена на вчерашната седница но не ја откриваат нејзината содржина. Извори од Комисијата велат дека таа е иста како сите одлуки кои комисијата до сега ги носела за овие прашања. 

С„обраниската седница на која се расправа за разрешувањето на Јавниот обвинител започната на 5 јули сѐ уште е во тек, а тоа е во спротивност со член член 8-а став 1 алинеја 4 од Изборниот законик, според кој од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори за градоначалник  или членови на советот, односно до конституирање на советот на општините и градот Скопје, не може да се започне со постапка за вработување на нови лица или постапки за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а воедно започнатите постапки се ставаат во мирување освен во случај на итни и неодложни работи“, соопшти тогаш ВМРО-ДПМНЕ. 

Сега од партијата немаат информација во врска со одговорот на Антикорупциска, но очекуваат Џафери да ја земе предвид особено ако се знае дека станува збор за расправа која според партијата е незаконска бидејќи до изборите, Зврлевски не може да биде разрешен.

 

 

 

16.08.2017 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега