Сириски воен авион соборен над пустински регион во јужна Сирија

 

Авион на Военото воздухопловство на Сирија е соборен во сирискиот пустински регион Ел Бадија, јави телевизијата Скај Њуз Арабија.

Според телевизијата, пилотот на авионот МиГ-21 го преживеал падот и бил заробен од припадници на бунтовничка група која го контролира регионот.

Инцидентот се случил во јужниот дел на Сирија во близина на границата со Јордан, каде сириската армија минатиот четврток им нанесе големи загуби на бунтовниците.

Во врска со соборувањето на авионот се огласи групата Осуд ал-Шаркаја, која соопшти дека нејзини бирци ги урнале МиГ-от, кој се наоѓал во борбена мисија.

– Тој е урнат во Вади Махмуд во источниот дел на провинцијата Свејда, изјави портпаролот на групата Ал Хаџ.

Сириските власти засега не ги коментираа информациите за соборувањето на авионот.

Минатиот месец сириските бунтовници соборија воен авион на владините сили на 50 километри источно од Дамаск над територија под нивна контрола.

 

 

 

15.08.2017 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега