Опра откри зошто и по 31 година во врска, сè уште не стапиле во брак со партнерот

 

И по триесет и едногодишна врска Опра Винфри и Стедман Грејем немаат намера да стапат во брак. 63-годишната водителка соопшти дека таа и нејзиното момче се совршено задоволни поради оваа одлука.

Во интервју за Vogue водителката зборуваше за својата врска. Прашана зошто својата долгогодишна врска не ја крунисала со брак, Опра одговорила дека тоа така зашто го живее животот по сопствени услови.

Телевизиската водителка додала и дека Грејем и таа никогаш сериозно не разговарале за брак, единствен пат кога тие зборувале на оваа тема е кога Опра прашала што би се случило доколку некогаш се венчаат.

 

-Немаше да бидеме заедно бидејќи бракот бара различен начин на постоење на овој свет. Неговото толкување на тоа како излегеда да се биде сопруг и што улогата на жената подразбира се прилично традиционални, а јас во тоа не би можела да се вклопам, рекла Опра.

 

 

 

15.08.2017 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега