Вооружен маж од покрив стрелаше врз возила во Истанбул
Вооружен маж денеска отвори оган од покривот на една зграда во Истанбул, стрелајќи врз неколку возила.
Како што јави Хабертурк, турската полиција веднаш ја опколила зградата и набрзо успела да стапи во контакт со вооружениот маж и да го уапси.
Инцидентот се случил во истанбулската населба Есенјурт. Нема информации за жртви.
Турските медиуми објавија снимка од настанот на која се гледа маж кој стои на покривот држејќи пушка во раката, додека полицајци го довикуваат од пред зградата.
15.08.2017 - 15:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа