Одмрзнати средствата за финансирање на проектот Бељановце - Станчиќ
Заменик претседателот на Владата не Република Македонија Бујар Османи денеска го потпиша дополнувањето кон Спогодбата за финансирање за ИПА програмата за преку-гранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово за 2013 година со што формално-правно ИПА средствата од оваа програма се ставија на располагање за финансирање на стратешкиот проект Бељановце – Станчиќ.
Како што соопшти СЕП, на ова му претходеше одлука на Владата на Република Македонија, со која вицепремиерот Османи доби полномошно да го потпише дополнувањето кон Спогодбата за финансирањето на ИПА.
- Напорно се работеше за исполнување на сите неопходни услови кои беа потребни за почеток на реализација на овој проект. Една од најзначајните активности беше изградбата на патот до новиот граничен премин, финансиран со национални средства во висина од околу 6 милиони евра, изјави Османи.
Посочи дека станува збор за заеднички граничен премин во кој пограничните органи ќе делат една заедничка зграда, која што се наоѓа на териториите на двете држави. - Од тука произлегува комплексноста на овој проект, за чиј почеток на реализација беше неопходна сеопфатна консултација и усогласување на постапките согласно националните законодавства на двете држави, што несомнено бараше многу време, оценува Османи, стои во соопштението.
Од СЕП најавуваат дека по долготрајното усогласување на постапките за изработка на урбанистичка и проектна документација, изградба на потребна инфраструктура и ставање во употреба на граничниот премин, поделба на оперативни трошоци и вршење гранични проверки и контрола, во текот на утрешниот ден ќе следи потпишување на протокол помеѓу двете држави со кој сите овие постапки се финално регулирани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа