МВР со фоторобот за убиецот на Бојку - се уште се бара виновникот

 

Министерството за внатрешни работи направило фоторобот за убиецот кој вчера со истрел од пиштол го усмрти Дилавер Бојку Леку на плажа во Струга. Како што дознава 24вести, веќе е направен опис на сторителот и активно се пребаруваат локации, но се уште нема осомничен, а се трага по маж на возраст од 30 години, слабо развиен, а висок до 170 сантиметри. 

Како што дознава телевизија 24, за време на вчерашното пукање, напаѓачот на Бојку бил облечен во темна маица со кратки ракави, темни кратки пантолони и  темни летни сандали на нозете. На главата носел бела летна капа и темни очила за сонце.

 

 

 

15.08.2017 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега