Владата денеска ќе ја одржи 23-тата седница

 

Владата на Република Македонија денеска на пладне ќе ја одржи својата 23-та седница.

На дневниот ред на седницата ќе се најдат повеќе точки од интерес на јавноста меѓу кои Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи на кој предлагач е Министерството за внатрешни работи.

На дневен ред е и Предлог деловник за изменување на Деловникот а работа на Владата на Република Македонија на кој поредлагач е Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, како и информација за Програма за безбедност и здравје при работа, со Предлог-програма и Предлог акциски план за спроведување на Сртатегијата за безбедност и здравје при работа 2020, а како предлагач е Министерството за труд и социјална политика.

По завршувањето на седницата ќе следува детално соопштение за јавноста за донесените заклучоци.

 

 

 

15.08.2017 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега