Османи на работен појадок со амбасадорите на соседните земји

 

Стратегија за проширување на ЕУ, добрососедските односи, Берлинскиот процес и регионалната соработка која произлегува од него, поефикасното користење на ИПА фондовите, размена на информации од заеднички интерес и меѓуграничната соработка се темите на кои денеска на работен појадок ќе разговараат вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и амбасадорите на земјите од Западен Балкан. 

На средбата, која ќе се одржи во Секретаријатот за европски прашања (СЕП), поканети се амбасадорите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

Како што информираат од СЕП, оваа средба е прва од серијата предвидени редовни координативни состаноци со амбасадори на земјите од Западен Балкан. 

 

 

 

15.08.2017 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега