Велешани денеска даруваа крв - уште една успешна крводарителска акција

Во рамки на летната акција за дарување на крв во организација на општинскиот Црвен крст и Институтот за трансфузија во Скопје денеска во Велес беа собрани вкупно 135 единици крв. Вкупно досега со вчерашниот ден кога беа собрани 173, се собраа 308 крвни единици. 

- Задоволни сме од собраните крвни единици кои ќе бидат наменети за потребите на пациентите на скопските клиники. Со ова велешките крводарители потвдија како и многупати досега, дека се меѓу најхуманите во земјава, потенцира д-р Горан Андонов од Институтот за трансфузија“ информира Лилјана Пановска од Црвениот крст

Меѓу дарителите на крв и годинава имаше такви кои првпат даруваа крв и станаа крводарители со што се вклучија во организацијата на хуманите. 

најчитано сега