ВМРО-ДПМНЕ: Цврсто сме решени да најдеме решение за 24.декември
Денеска од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека се подготвени да стори се' за да се дојде до решение за 24.декември. Од партијата велат дека доказ за нивната посветеност се стотината забелешки и предлози кои ги дала СДСМ, а кои владејачката партија прифатила да бидат дел од Извештајот.
-ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силната волја да се приближат ставовите и да се елиминираат обидите да се иницира атмосфера на меѓусебни обвинувања кои се штетни за целиот процес, велат од ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Курир.
Според рокот кој го договорија Заев и Груевски, Комисијата за 24. декември треба до утре да постигне договор за собраниските настани од 24. декември.
22.08.2013 - 16:11