Стојаноски: Башановиќ е човек со сомнително минато и дебело криминално досие

 

По тоталната партизација која ја вршат на сите нивоа во администрацијата, Заев сега со пари на граѓаните ќе плаќа и сомнителни ликови без морален кредибилитет кои си ги ангажира за советници. Поранешниот естраден менаџер Зоран Башановиќ  или од скоро нов специјалниот економски советник  на Зоран Заев, е човек познат по правење матни зделки, човек  со сомнително минато и дебело криминално досие, изјави денес од пред владата Бојан Стојаноски.

-Единствено нешто по кое и е познат на јавноста Зоран Башановиќ се низата скандали за кои пишуваа  порталите во регионот. Башановиќ како познат менаџер и бизнизмен е фатен  како   се впуштил во  кражба на ќебиња во Флорида во вредност од 5000 долари, за  што и бил уапсен од тамошните власти, вели Стојаноски.

Стојаноски вели дека останува нејасно за што ќе го советувааат Зоран Заев вакви клептомански ликови и какви економски совети ќе му даваат?

-Дали спрегата Башановиќ- Обрадовиќ на Заев треба да му донесе уште еден ,,бомбона бизнис”  со продажбата на ЕЛЕМ? Зоран Заев откако го состави економскиот дрим тим на владата на СДС,со Мерко, Шапуриќ, Кахил и Самка Ибраимовски, дополнително реши да го засили својот тим со  нов надворешен економски советник  како што е  клептоманот Зоран Башановиќ. Ваквите  погубни економски политики кои ги  СДС ги спроведува во изминатиот период со поставување на контраверзни личности за  економски советници како што е Башановиќ,   во изминатите 70 дена на Република Македонија  и донесоа  нула   нови странски инвестиции и  не генерираа ниту едно ново работно место. Со поставувањето на ликови како Башановиќ,се отвора сомнеж во јавноста дали новата влада  ќе работи на подобрување на економската состојба  на граѓаните  и  зголемување на нивниот стандард или ќе работи на подобрувањето на економското порфолио на корпорациско- партиски фирми, блиски до СДС, вели тој.

Стојаноски посочува дека граѓаните на Република Македонија сакаат нивната влада чесно да работи за нивно добро и да не да мислат  дали некој од нив нешто да украде. Заев и СДС заради ваквата неодговорност и неспособност ќе се соочат со политичка одговорност на следните локални избори и ќе бидат целосно делегитимирани од страна на граѓаните.

 

 

 

12.08.2017 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега