Грнчароски: Системот за водоснабдување во Тетово има капацитет за 15 илјади жители, а во градот живеат 100 илјади луѓе
Серафим Грнчароски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија во партиското седиште истакна дека проблемот со водоснабдувањето во Тетово е еден од најгорливите проблеми, додавајќи дека во погорните делов од градот луѓето немаат по повеќе од 12 часа вода.
-Кај нив се прават некои напори да им се достави вода со цистерни кои не се адекватни, цистирните кои им носат вода се бактериолошки неисправни и водата е ризична за употреба на тој дел од граѓанството, истакна Грнчароски.
Посочи дека системот за водоснабдување почнал да се прави во 1927 година и има капацитет за 15 илјади жители, а денеска Тетово има над 100 илјади граѓани.
-Магистралниот цевковод кој врши дотур на водата е од 600 литри во секунда, меѓутоа, градската мрежа е доста руинирана и многу стара. Таа е на многу места оштетена и има големи загуби во водоснабдувањето, потенцира Грнчароски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа