Стојаноски: Новиот специјален економски советник на Заев е човек кој зад себе има досие и е апсен за кражби во САД

Владата на СДС продолжува да ја скандализира македонската јавност. Заев во владата собра лица од целиот регион фатени во извршување на кривично дело и мисли на тој начин да ја води државата. Зоран Башановиќ е новиот специјален економски советник на Зоран Заев, кој во итна постапка доби македонско државјанство, а е човек кој зад себе има досие на човек апсен за кражби во САД, изјави денес Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноски вели дека Башановиќ е класичен клептоман, а тоа го потврдува фактот што тој како познат бизнисмен, естраден менаџер и сопственик на телевизија, се впуштил себе си во кражба на ќебиња во Флорида, во вредност од 1.050 долари.

-Во случајот на Башановиќ е повеќе од јасно дека не станува збор за кражба од сиромаштија, туку класична клептоманија и нагон за кражба. Јавноста се прашува во што тоа Башановиќ ќе го советува Заев? Дали можеби Заев е импресиониран од неговите способности и фат, па мисли дека токму тој е вистинскиот човек кој ќе го советува како треба да работи, вели Стојаноски.

Тој додава дека Заев со поставувањето на ликови како Башановиќ упатува јасна порака до јавноста како -планира да работи идната Влада.

-Граѓаните на Република Македонија сакаат нивната влада чесно да работи за нивно добро, а не да мисли како од нив нешто да украде. Заев и СДС заради ваквата неодговорност и неспособност ќе се соочат со политичка одговорност на следните локални избори и ќе бидат целосно делегитимирани од страна на граѓаните, посочува Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

11.08.2017 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега