ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не е искрен дека е против сечењето на дрвата спроти Бристол

Г-дин Андреј Жерновски молчи цели 5 дена за иницијативата за ребаланс на буџетот на О. Центар и насочување на парите добиени од комуналии, за изградба на зградата на советот за радиодифузија спроти хотелот Бристол, за нови зелени површини и обезбедување на нови садници на дрва.

          Ние сеуште не знаеме дали Жерновски е против овој предлог и не сака садење на нови дрва во Општина Центар, па затоа одбегнува одговор или и за ова прашање како и за се друго ќе се прогласи за ненадлежен.

          Било која од овие работи покажува еден единствен факт, а тоа е дека Жерновски не е искрен кога вели дека е против изградбата на зградата и сечење на 5 те дрва спроти Бристол.

          На сметката на општина Центар, чиј градоначалник Андреј Жерновски сега се противи на изградбата, по основ комуналии за изградба на зградата за СРД на 10-ти и 11-ти јуни се легнати 9 милиони 835 илјади денари или 160 илјади евра. Жерновски иако се противи на изградбата, сепак овие пари не ги одбива, туку напротив, ги инкасира во општинската каса.

          Затоа советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар денес и формално го поднесе конкретниот предлог.

          Согласно член 43 став 3 од законот за локална самоуправа, член 29 од законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, и согласно Статутот на општина Центар и Деловникот за работа на Советот на општина Центар, како членови на Советот на општина Центар, поднесуваме Иницијатива за ребаланс на Буџетот, со кој предлагаме парите кои општината Центар ги добила по основ на комуналии за изградба на овој објект, во висина од 9 милиони 835 илјади денари да се наменат за обновување на јавните зелени површини и нови садници на територијата на општина Центар.

          Со ова предлагаме во Општина Центар да се насадат далеку повеќе дрва со парите кои општината веќе ги има и располага, а ги доби по основ на комуналии. Така граѓаните на Општина Центар ќе добијат далеку поголеми зелени површини.

          Очекуваме одговор на Жерновски.

 

Ако Жерновски е искрен ќе го прифати предлогот. Ако не, уште еднаш ќе се докаже дека Жерновски единствено си прави лична промоција со партиските собири пред Бристол.

(Интегрален текст од прес-конференција на Даниела Рангелова, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ)

22.08.2013 - 12:56

најчитано сега