Делев: Владата на СДС не само што се задолжува, туку почна да ги топи и државните девизни резерви

СДС безмилосно ги троши парите на граѓаните, а притоа не отпочна ниту еден проект, а тие што ги отпочна ги блокира и стопира. Скандалот да биде поголем, владата не само што се задолжува, туку почна да ги топи и државните девизни резерви, истакна Христијан Делев на денешната прес-конференција.

-Имено расипничката и недомаќинска влада на СДС повлече 126 милиони евра од девизните резерви на Република Македонија. Каде отидоа овие пари? За што? Нели министерот за финансии тврдеше дека се задолжува на домашен пазар за да ги отплаќа старите долгови, тогаш овие пари на што ги потрошил? Ништо не се гради, се е стопирано. Се инвестира единствено во вработување и ангажирање на учесници од шарената „револуција“. Освен овие 126 милиони евра кои СДС ги стопи, уште 101 милион евра беа земени како задолжување по основ на аукции на државни хартии од вредност. Од СДС гледаме само правење долгови и трошење на девизни резерви, рече Делев и додаде:

„Сите овие пари СДС најверојатно ќе ги искористи за сеење магла со цел да се покријат штетните и погрешни политики на владата на СДС како договорот со Бугарија, законското решение за јазиците, Акцискиот план за населување на мигранти, неможноста да се справат со пожарите, депониите, проблемот во земјоделието и мал милион други проблеми кои настанаа како резултат на нивната деструктивност и неспособност. Очигледно својата неспособност СДС ќе ја покрива на најскапиот и најлош начин, со безмилосно трошење на парите на граѓаните“.

ВМРО-ДПМНЕ, подвлече Делев, како и јавноста отворено стравува дека од ваквото топење на девизните резерви.

-Топењето на девизните резерви истовремено отвора голема неизвесност, односно ако продолжи начинот на безмилосно трошење на овие средства за овие 2,5 месеци од владеењето на СДС, тогаш за многу кратко време граѓаните ќе се соочат со грчкото сценарио. Одеднаш престанаа да се споменуваат лицемерните лаги кои СДС ги кажуваше пред изборите за задолжување, за трошење на буџетските средства, за финансиската стабилност на државата, за бројчаникот на долгот кој веројатно прегреа во овие два месеци. Целата хипокризија излезе на виделина. Се што кажаа, се погазија. Народот се увери во нивната деструктивна политика, во нивната неспособност, но и незнаење и негрижа кон граѓаните и државата.

 

 

 

10.08.2017 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега