Христијан Илиевски нов заменик директор на Агенцијата за странски инвестиции

Македонската Влада на последната седница го именуваше Христијан Илиевски за заменик директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

Илиевски во минатото вршел значајни функции, а за пофалба е и неговото завршено образование и работно искуство.

Тој во 2006 година дипломирал на скопскиот Филолошки факултет,а потоа, во 2010-та станал магистер по бизнис администрација со завршување на студии во германскиот универзитет Манхеим.

Илиевски е основач и управител на ЛУКСОР ТРАДЕ ДООЕЛ, фирма која се занимава со Увоз и трговија со брендирани производи од оптика. Додека тој е на чело, воспоставена е стратешко-партнерство со водечките призводители за брендирани оптички производи (Luxottica, Safilo, De Rigo and Allison-Italy), удвоена е реализацијата во период 2012-2013, отворен е нов продажен салон, зголемување на продажниот тим, имплементирана е нова стратегија за  малопродажната  дистрибуција на производите од Луксотика и ДеРиго. Воведена е и на нова ценовна стратегија во сегментот, реализиран е пазарен удел од 40%  во сегментот на сончеви очила во Скопје, буџетирање на маркетинг стратегија за градење на препознатливост и зголемување на базата на купувачи со повеке од 10% годишно.

Еве дел од биографијата на Илиевски:

KSB, Р.Германија.  Анализа на Пазар и Компететивност

Проект-Магистерска Теза

-Идентификување на нов бизнис потенцијал во пазарот, глобална перспектива замајќи ја во обзир динамичната бизнис средина

-Ревидирање и анализа на компетитивната позиционираност на КСБ во Саудиска Арабиа и Кина, и како резултат, компетиторско кластерирање во сегментот

-Анализа и Евалуирање на компетитивноста на компанијата во суб-сегментите на тие два пазари, посебно во петро-хемискиот сегмент

-Анализа за процесот на одлуки кај големите клиенти во Саудиска Арабиа и Кина и дефинирање на критичните фактори за успех

 

ЛУКСОР ОПТИК ДОО, Скопје, Р.Македонија  (Увоз и трговија со брендирани оптички производи) 

Основач/Управител

  • Координација на малопродажбата со увозот и промоцијата на производите, контрола во финансиското работење на фирмата како и водење со човечките ресурси.
  • Воспоставено стратешко партнерство во увозот резултирајќи со 10-15% кратење на трошоци
  • Остварена мултипликација на бизнисот, во период од 5 години волумените дуплирани во приходи и во база на клиенти
  • Унапредување на односите со клиентите како главен фокус на фирмата за одделување од постоечката конкуренција во сегментот
  • КЛИА ДООЕЛ, Скопје, Р.акедонија.                                                                                              (трговија на мало со оптички производи) 

Претприемач

  • Започнување на бизнисот сам и со лимитирани средства, работејќи без вработени
  • Позиционирање на фирмата на пазарот, планирање на главните дневни и стратешки активности и инвестиции
  • Почетни договори со локалните дистрибутери

 

Илиевски зборува англиски, руски, германски, српски, хрватски и бугарски јазик. Тој ги има завршено следниве курсеви: Intercultural Management Professor Dr Jacques Pateau-2009, Presentation training with Nigel Campbell and Lawrence Good-2009, Change communication management with Torsten Gerharz-2009.

22.08.2013 - 12:30

најчитано сега