„Стави оценка на ќерка ми или ќе те убијам“ - се пролеа крв на скопскиот Музички факултет

Вчера наутро околу 9:30 часот, бесни скопјани го претепале 63 годишниот професор Т.М. кој предава на Музичкиот факултет во Скопје.

Како што информираат од МВР, додека се одржувал испит кај професорот Т.М., во канцеларијата влегле 55 годишниот скопјанец А.И. и 27 годишниот скопјанец А.Р. кои биле бесни што ќерката на А.И. го паднала испитот кај професерот.

Гневните скопјани со тупаници го претепале професорот, му ја искинале кошулата која ја носел и му ја демолирале канцеларијата. Заканувајќи му се дека ќе го убие, А.И. му го дал индексот на неговата ќерка за да и стави оценка. Т.М.  почнал  гласно да бара помош, па насилниците се исплашиле и избегале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

22.08.2013 - 11:47