Три фирми сакаат да ја градат втората фонтана на скопскиот плоштад

Три фирми се пријавиле на огласот за изградба на фонтаната на скопскиот плоштад “Ма­ке­до­ни­ја“, која треба да никне меѓу Воинот на коњ и Камениот мост.

Како што информираат од Град Скопје, комисијата ќе ги разгледа понудите од прилепската "Крин кг ", "Урбан инвест" и АД "Пелагонија - Гостивар", а потоа ќе ги информираат учесниците за електронската аукција на која ќе треба да се избере најповолната понуда.

Фонтаната која ќе се гради на скопскиот плоштад е предвидено да има 128 прскалки. Таа ќе биде со должина и ширина од 15 метри. На плоштадот ќе се врати и коцката, па дел  од постојните плочи ќе бидат зачувани, а останатите ќе се извадат и ќе се употребат на плоштадот кај црквата "Пресвета Богородица".

Засега е познато само дека две третини од парите потребни за реновирањето ќе ги обезбеди Владата, а останатите Градот Скопје.

22.08.2013 - 10:42