Ги заклучиле повредените сопружници во бањата и им ја испразниле куќата - драма го потресе скопско Црниче
Рано утринава во 3:45 часот, тројца вооружени и маскирани крадци, преку балконската врата провалиле во куќата на 50 годишниот скопјанец А.Т., на улицата „Рилски Конгрес“ во скопската населба Црниче.
Разбојниците го удриле А.Т. со кундак во главата и го затвориле во бањата заедно со неговата 46 годишна сопруга Н.Т. Крадците ја пребарале куќата и го украле нивното богатство.
Увидот на местото на настанот завршил утринава и полицијата трага по насилниците.
22.08.2013 - 10:28