Жителите на Гази Баба нема да ги кршат автомобилите - почнува крпењето на улиците

Општина Гази Баба и Градот Скопје започнаа да ги крпат улиците во населеното место Економија, каде ќе бидат санирани 750 метри.

Како што соопштија од Гази Баба ќе се крпи и улицата кон населеното место Стајковци и улиците во Тумба. Изведувач на работите е ЈП „Улици и Патишта“, а санацијата ќе чини 3 милиони денари. 

Новоизградената детска  градинка во Колонија - Јурумлери ќе добие ограда  од бетон и челик, со вкупна должина од 230 метри. Работите ги изведува „Адра“ - Скопје, а вредноста на работата ќе чини еден милион денари обезбедени од буџетот на Општина Гази Баба. 

22.08.2013 - 10:19
Фото: 
денешен

најчитано сега