Полицијата бара вооружен маж кој тргнал да го убие љубовникот на сопругата

Вооружен со пиштол и со украден автомобил, маж од српско Миријево трага по љубовникот на својата сопруга, која претходно ја избодел со нож. Како што јавуваат српските медиуми, мажот во семејната куќа во споменатото место ја врзал својата сопруга ја тепал и ја бодел со нож, барајќи од неа да признае дека има љубовник. Откако жената го откирла името на љубовникот, мажот го зел пиштолот и излегол од куќата. На соседната улица украл автомобил но при кражбата, жената од која го одзел пружила отпор при што истрелал кон неа и ја погодил во колкот. Жената со прострелна рана е префрлена во локалната болница.
За инцидентот полицијата ја информирал синот на напаѓачот кој кога дошол дома ја нашол својата мајка во крв и ја однел во болница. Српската полиција се уште трага по мажот кој со украдена Опел Корса наводн ого бара љубовникот на својата сопруга за да го убие

најчитано сега