Хурем Султан бремена и сама

 

Турската новинарка Ајше Арман, поминувајќи еден ден со Мерјем Узерли, популарната Хурем од серијата „Сулејман Величенствениот“, дознала дека актерката е во блажена состојба.

Новинарката во Берклин разговарала со популарната Хурем кога и раскажала се за нејзиниот живот во Турција, дека заради депресија избегала во Германија. Меѓу другото, најшокантно било откритието дека Узерли е во четвртиот месец на бременост и дека сама ќе го одгледува детето.

- Дознав неверојатна работа, станува збор за многу сериозни работи отколку што ние претпоставуваме. Најмногу ме шокираше тоа што ми откри дека  е бремена, откри новинарката.

Да потсетиме дека актерката во претходниот период имаше проблеми со вишокот на килограми, промена на расположението, но никој не претпоставуваше дека актерката е бремена, како и дека за помалку од половина година ќе стане мајка. 

22.08.2013 - 09:56

најчитано сега