Се капела во бурка: Сопственикот на базенот барал да плати деинфекција
Сопственик на приватно одморалиште од жена која носела бурка барал да плати 490 евра за дезинфекција на базенот.
Оваа жена од Франција, на базенот дошла со сопругот и трите деца и првиот ден сѐ било во ред, но другиот ден обезбедувањето ја спречило да влезе во вода, со објаснување дека сопствениците се жалеле на тоа некој да се капе облечен.
Тогаш ѝ било побарано да плати празнење, дезинфекција и повторно полнење на базенот, поради хигиенски причини.
Имено, жената не се капела облечена, туку во бурка која се прави од материјали со кои се прават костимите за капење.
06.08.2017 - 11:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа