Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за директорската смена во МНТ

ВМРО-ДПМНЕ реагира на смената на директорот на Македонскиот народен театар Дејан Пројковски што, според опозициската партија, е проценка на министерот Роберт Алаѓозовски и СДСМ дека се работи за луѓе блиски до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

- Директорот на Македонскиот народен театар Дејан Пројковски е докажан професионалец со големи успеси во своето работење и раководење на МНТ. На негово место Алаѓозовски го назначи актерот Драган Спасов-Дац како заслуга за поддршката и учеството на членови на неговата фамилија во платеничката револуција на СДС. Уште еднаш се докажува дека единствена квалификација потребна за вработување кај Алаѓозовски е партиската послушност и определбата за уништување споменици на македонските херои и државност, изјави Милош Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ. 

 

 

 

05.08.2017 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега