Живеела 12 години со маска на лицето: Кога ја тргнала открила нешто ужасно што и го направил мажот
Сандра се омажила за својот сопруг сонувајќи мирен семеен живот.
Наместо тоа, на 28 години и двемали деца станала жртва на страотно семејно насилство.
Поради ќотекот од мажот добила инфекција која почнала да и го нагризува лицето. Сандра 12 години поминала под маска тоа да го сокрие. Во болница и рекле, кога отишла на преглед по првиот крвнички ќотек, дека веројатно ќе умре во наредните три дена. Тоа не се случило, но останала унаказена и живеела со маска на лицето.
Сандра Крокет добила помош кога собрала сили да побегне од мажот.
„Децата ме знаеја само по гласот, лицето никогаш не ми го видоа“, вели Сандра и додава дека тие години биле пеколни. И тогаш ја направила најпаметната и најхрабрата работа која можела - побегнала од мажот со децата. И не само тоа ја тргнала маската. Децата биле во шок, но набрзо навикнале, и тогаш Сандра наишла на Дебра Алеси, жената која исто така побегнала од семејно злоставување и основа фондација која им помогнала на стотици жена ширум светот да добијат бесплатна реконструкција на лицето.
Се што жените кои добиле како помош од фондацијата требало да направат е и самите да им помогнат на други жени во неволја.
„Лицето и натаму ми е деформирано но илјада пати е подобро отколку што изгледаше. И да, давам се од себе за да помогнам не на една, туку на секоја која можам, вели пресреќната Сандра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа