Од складот се ширела ужасна миризба: Кога полицијата упадна внатре ја дочекал вистински хорор
Полицијата во Калифорнија открила повеќе од 2.000 змии, папагали, пилиња и други животни во индустриско складиште, 48 километри од Лос Анџелес, а половина од тие животни веќе биле угинати.
Интервенцијата е извршена по претходна дојава дека на тоа место се шири „неподнослива реа“.
- Речиси 2.000 пилиња, папагали, гулаби и други егзотични птици се спасени утринава од индустриското складиште, а на местото се пронајдени и десетици егзотични риби, се наведува во соопштението од Организацијата за превенција од злоставување животни.
Како што се наведува, животните немале храна и вода, ниту вентилација, а животински отпад бил расфрлен насекаде.
- Ова е нешто најлошо што сум видела откако постоиме, изјави членка на Организацијата.
Според Организацијата, на почетокот од неделава бил уапсен сопственикот на складиштето, неврзано за овој случај, но сега ќе се товари „за неколку кривични дела за мачење на животни“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа