Американскиот амбасадор во Скопје: Законот за јазици треба да биде во рамки на Охридскиот договор

 

Американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли смета дека законот за употреба на јазици треба да биде во согласност со Охридскиот договор и на тој начин да се овозможи создавање на инклузивно општество.

Законот за јазици би требало да остане во рамки на Охридскиот договор, како важен документ. Ова е важно прашање за кое треба да се разговара и да пронајде решение кое ќе создде инклузивно општество и инклузивен политички систем, кој исто така ќе го сочува единството и заедничка цел на сите граѓани на оваа земја“, рекол Бејли во интервју за Алсат, одговарајќи на прашањето дали очекува дека законот ќе биде прифатен од страна на сите етнички заедници.

Во поглед на деполитизацијата на институциите, која е дел од договорот  "3-6-9", американскиот амбасадор рекол дека тоа е можно, но е потребно време за да се види ефектот.

„На луѓето им треба време да се навикнат на нови начини на работа. Овие институции имаат долга историја на политичка култура. Нема да се поправи тоа преку ноќ. Треба да одиме чекор по чекор, а кога се свртите ќе видите дека големите реформи секогаш почнале со неколку мали чекори“, рекол Бејли.

 

 

 

05.08.2017 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега