Кинезите го изградиле кинескиот ѕид којшто единствено се гледа од Месечината а сега СДСМ тврди дека неможат да изградат пат од Свети Николе – Штип

Благица Ласовска, Пратеничката од редовите на ВМРО- ДПМНЕ на денешната седница на Собранието, ги запраша пратениците од СДСМкаде е бројчанокот кој што го ветуваа во изборниот период:

Го критикувавте задолжувањето на предходната влада а сега се задолжувате со метеорска брзина 1000 евра на минута. Бидејќи моите колеги заборавија да ве прашаат, еве јас ќе ве прашам каде е бројчаникот што го ветувавте на триумфалната порта или сега треба да поставите два, еден од онаа влада и еден за оваа влада што се задолжува. Јас сум убедена дека на овој начин домаќински како што работите и тоа како многу ќе ја поминете бројката на задолжување од предходната влада рече Ласовска

За автопатиштата и згрешените траси, Ласовска додаде:

Незнам дали знаете каква е реакцијата на јавноста по однос на вашите искажувања дека трасите на сите автопати биле згрешени. Да не е тажно би било смешно. Јас еве доаѓам од Свети Николе и не знам кој ви го дава правото да го скратите правото на граѓаните и да ги прекинете автопатиштата. Овој пат Миладиновци – Штип тврдите дека била згрешена трасата. Јас незнам. Веќе време е да прекинете да зборувате во обланда, во завиена форма, бидејќи сте веќе власт, треба политички да се однесувате зрело. Треба со име и со презиме точно да кажете кој професор од градежникот факултет ги згрешил траситерече Ласовска

 -  Вие сте власт вие треба да ги продолжите. 70 % патот, Миладиновци – Штип е веќе изграден. Да тврдите дека кинезите незнаат да направат пат е смешно. Кинезите незнаеле да направат пат. Јас ова го дискутирав и на Комисијата, давав по еден пример како кинезите почитуван колега Трпевски се познати градители. Кинезите го изградиле кинескиот ѕид, којшто единствено се гледа од Месечината. Сега неможат да изградат пат од Свети Николе – Штип и Скопје, пат од 50 Км, дојде СДС  да тврди дека кинезите не знаат да прават пат. Па срамота! додаде Ласовска

 

 

 

 

04.08.2017 - 20:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега