Стевананџија: Имате пари за вработување на 500 нови полицајци,а немате пари да ги обештетите граѓаните на Охрид, Струга и Ресен

 

На денешната  седница   во Собранието на Република Македонија каде на дневен ред е расправa за ребаланс на Буџетот за 2017 година,пратеникот  на ВМРО-ДПМНЕ  Димитар Стевананџија,реплицираше на пратеникот на СДСМ  Благојче Трпевски ,каде посочи  дека новата влада требала  да се фати за работа и да ги заврши започнатите проекти и да ги реализираа дадените ветувања.

-Зошто е прекинат експресниот пат Градско-Прилеп,Самка грешно  го проектирал,не може повеќе вака,заврши тоа време,рече Стевананџија.

-Фрапантни податоци,како ќе го зголемувате економскиот напредок со 500 нови вработувања на полицајци,па вие имате пари за  за 500 нови вработувања,а немате пари,средства за да прифатите еден амандман,да ги обештетиме луѓево во Охрид,Струга  во Ресен кои што  мака мачеа со земјотресите,истакна Стевананџија.

-Немате средства да се реконструира старата чаршија во Прилеп,имате средства да вработите 500  нови полицајци,рече Стевананџија.

-Крсто Мукоски рече дека  повторно ќе сте се задолжувале,дека ќе сте земале  евро-обврзница,па нели помина тоа време нели  праќавте писма  до сите банки да не издаваат на Република Македонија евро-обврзница.Едно такво писмо  државата ја чинеше 45 милиони евра,што треба да го  плаќаме  ние и нашите деца од џебовите,едно такво накодошувачко писмо,вели Стевананџија.

-Сега овие се истите луѓе или овие се различни луѓе,тоа важеше тогаш,а не важи сега,ве молам бидете конзистентни во вашите ставови,потенцираше Стевананџија.

-Како ќе го зголемуваме економскиот напредок,со специјални советници за  земјоделие,со Ленче Николовска ќе го зголемуваме  екеномскиот напредок во  и во земјоделието,ве молам бидете сериозни почнете да  ги решавате прашањата,рече Стевананџија.

-Јас сум скептик а не сакам да верувам во тоа дека  сето онаа што го кажа Крсто Мукоски ќе стане реалност,дека ние ќе имаме нов ребаланс во Октомври,за да ја прикриеме економската немоќ,посочи Стевананџија.

-Од каде средства за овие 500 нови вработувања во ребалансот,ако не можете вие ,нека ми одговори министерот,праша Стевананџија.

 

 

 

04.08.2017 - 19:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега