Гроздановски: Кога ја презема градоначалникот Митевски општината во комуналното претпријатие немаше ниту едно возило

ВМРО-ДПМНЕ повторно продолжува со панел дискусиите, каде се оценува работата на новата власт, се даваат предлози и се кажуваат проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги има направено за граѓаните. На денешниот панел „Инвестираме во општините за подобар живот на граѓаните“, говореше Андрејчо Гроздановски, тој кажа дека Јавното комунално претпријатие кога општината ја преземал Борче Митевски немала никакво возило за подигање на сметот.

-Во меѓувреме се набавени две комунални возила, трактор со приклучна механизација за одржување на јавна чистота и цистерна за фекалии. Претпријатието исто така се грижи и за новите фекални мрежи кои се изградени од страна на општината во овие четири години, изјави Гроздановски.

Тој кажа дека претпријатието и градоначалникот имале и проблеми со кои пробуваат да се справат, како што е водоводниот систем во руралниот дел од општината.

 

 

 

04.08.2017 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа