Митревски: Општина Петровец не застанува тука, има уште многу проекти кои ќе се реализираат во следниот период
Започнавме со изградба на канализациона мрежа во Петровец а по воведувањето на одводната мрежа истите улици во ова населено место ќе бидат асфалтирани. Исто така денеска им ветивме на граѓаните на населеното место Сушица дека ќе добијат нова улица која ќе биде поплочена со бекатон плочки. А едно од најголемите мои ветувања пред граѓаните на општина Петровец во минатото беше дека ќе имаме индустриската зона, вели градоначалникот на општина Петровец, Борче Митревски на денешната панел дискусија: Инвестираме во општините за подобар живот на граѓаните.
-Веќе ни влегоа две домашни и две странски компании, а едната компанија е од Франција, додека пак другата од Белгија што значи дека во општината Петровец изминатиов период влегоа околу 130 инвестиции. Јас со гордост можам да кажам дека општина Петровец тука нема да застане и во моментов е распишан и тендер за изградба на соблекувална за средно Коњари и долно Коњари, изградба за мини спортска сала во Катланово и исто така распишан е тендер за асфалтирање на улица 11 и 9 во Петровец и имаме одобрено финансиски средства од Светска Банка за изградба на пешачка патека од центарот на Петровец до излезот на Ражаничино, рече Митревски.
Тој истакна и дека тие имаат уште многу проекти кои се реализираат од страна на општината и истите во следниве месеци ќе се реализираат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа