Петровски: Советот на Општина Петровец делува беспрекорно и заедно со градоначалникот работиме со голем успех

 

ВМРО-ДПМНЕ повторно продолжува со панел дискусиите, каде се оценува работата на новата власт, се даваат предлози и се кажуваат проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги има направено за граѓаните. На денешниот панел „Инвестираме во општините за подобар живот на граѓаните“, говореше советникот од партијата во Општина Петровец, Игор Петровски.

Петровски кажа дека советот во општината каде ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинство, делува беспрекорно. Тој напомена дека се донесени доста урбанистички планови, што како што вели тој е голем успех за нивната општина.

Тој напомена дека некои проекти биле донесени од страна на советот едногласно, т.е. дека и советниците од СДСМ гласале за подобрување на животот на граѓаните.

-Максимално сме посветени на проектите од локалната самоуправа и градоначалникот, имаме добра соработка и нема никаков застој, се со цел за подобар живот на граѓаните од Општина Петровец

 

 

 

 

04.08.2017 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега