ВМРО-ДПМНЕ: Спротивно на законот разрешени над 50 директори на здравствени установи

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека во Министерството за здравство спротивно на законот биле разрешени над 50 директори на здравствени установи со што се загрозила професионалноста и функционирањето на целокупниот здравствен систем и оти тоа ќе има сериозни последици по пациентите.

Како што изјави за медиуми Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, за ситуацијата да биде уште позагрижувачка токму на една од најодговорните позиции во ова Министерство, за државен секретар, спротивно на закон бил именуван Владимир Милошев, претходно вработен во Клиничката болница во Штип, со што, вели, прекршен е Законот за администрација.

- Ова повлекува и одговорност на министерот Таравари. Тој со непрофесионален и некомпетентен кадар како Милошев ја пополнува позицијата државен секретар која треба да менаџира и да контролира работа на здравствени установи и здравствени ресурси. Ете заради ваквата работа во Министерството за здравство се случува поради хеморагична треска од најслаб облик да ни се случи епидемија, две човечки жртви и десетици хоспитализирани. Предупредуваме дека поради ваквото индолентно и неодговорно однесување во иднина може да настанат уште поголеми штети по здравствениот систем и што е полошо по здравјето и животот на граѓаните, рече Андоновска и посочи дека заради ваквата неодговорност и неспособност СДСМ ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори.

 

 

 

04.08.2017 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега