Стравична сообраќајка во Германија - најмалку 27 повредени

Најмалку 27 лица се повредени синоќа при верижен судар на 29 возила на автопат во јужниот дел на Германија, јави ДПА.

Според германската полиција, еден од повредните во нереќата се наоѓа во критична состојба, додека останатите се очекува во текот на денов да бидат пуштени на домашно лекување.

Причина за сударот бил поројниот дожд што во тоа време врнел на автопатот меѓу градовите Аделцхаузен и Оделцхаузен.

Поради сударот, при што се создала верига од возила долга 150 метри, неколку часа бил во прекин сообраќајот на овој автопат во правецот кон Минхен. 

 

 

 

04.08.2017 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега