Мицевски: Во општина Сопиште се реализираат ветените проекти од страна на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ во целост ги исполнува програмите за кои се залагавме од 2013 година, а истите се во интерес на граѓаните на општина Сопиште и сакам да кажам дека програмата која  ја ветивме пред граѓаните истата во голем дел се реализираше, изјави на денешната панел „Инвестираме во општините за подобар живот на граѓаните“,Јане Мицевски.

-Можам да кажам дека само со работа и со сериозен ангажман кон работата можат да се постигнат видливи резултати. Општина Сопиште е општина која е атрактивна и блиска локација до центарот на градот, меѓутоа општина која е рурална и во која треба да се инвестира многу за нејзин напредок и промоција. Досега инвестиравме во сериозните проблеми во инфраструктурата, како многу бројните локални патишта кои беа од основно значење на граѓаните. Тука спаѓа и клучниот пат кој се реализира, односно 2/3 веќе е готов, тоа е регионалниот пат кој ја спојува општина Сопиште со Кисела Вода во должина од 12 километри, а веќе 8 од 12 километри се веќе асфалтирани во целост и во следниот период ни останува да се реализираат останатите километри од предвидениот пат, вели Мицевски.

Тој истакна и дека ова е еден од проектите кои бил ветен од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред граѓаните, а денес сме сведоци дека истиот е реализиран.

-Исто така би сакал да напоменам дека во крајна фаза е и регионалниот пат од општина Сопиште преку центар до Сончев град и ова се само дел од проектите кои се реализирани во изминатиот период. Ние никогаш не сме ги делеле проектите по национална или верска основа, а класичен пример за тоа се и многуте реализирани проекти каде што живее албанско население и можам да кажам дека во населените места Чифлик, Барово и Света Петка неодамна се реконструираше локалниот пат, во Чифлик се изградија две мулти функционални игралишта од буџетот на општина Сопиште, а беа подобрени и локалните водоводи, потенцираше Мицевски.

Тој вели и дека СДСМ сака да им наметне етикета дека ВМРО-ДПМНЕ ги дели луѓето по етничка основа.

-Повеќе од пет нови игралишта беа изградени во општината Сопиште, а целосно се реконструираше и спортската сала во основното училиште Драга Стојановска. Исто така се реконструираат и училиштата низ целата општина, заврши Мицевски.

 

 

 

03.08.2017 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа