Груевски: Благодарение на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Сопиште стана препознатливо низ целата држава

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите панел дискусии, каде што се оценува работата на новата Влада, она што може да биде подобро, како и се кажуваат проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги има направено за граѓаните. На денешниот панел „Инвестираме во општините за подобар живот на граѓаните“, говореше Виктор Груевски, кој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ во Општина Сопиште како тим работел напорно.

Тој кажа дека од една рурална средина каде што инфраструктурно фалеле многу работи, Сопиште се претвори во една атрактивна општина, тој напомена дека сето тоа е плод поради политиките на ВМРО-ДПМНЕ, како на централно така и на локално ниво.

-Ќе започнам подетално со низа на проекти кои што ВМРО-ДПМНЕ одговорно ги вети, а потоа и ги исполни, на големо задоволство, како за граѓаните на општината, што им го подобри нивниот живот и живеењето во општината, така и за многу потенцијални жители кои во моментов сакаат да изградат свое живеалиште во Сопиште или пак да имаат своја викенд куќа, изјави Груевски.

Тој кажа дека еден од најголемите проекти, а можеби и еден од најголемите во државата е Сончевиот град. Тој напомена дека благодарение на ВМРО-ДПМНЕ општината се здобила со еден таков голем проект, со што Сопиште станало препознатливо во целата држава. Тој напомена и уште некои елитни населби кои никнале во општината.

-За да стане општината толку атрактивна требаше доста вложувања, тука мора да сме пак благодарни на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, со нејзината работа се донесоа доста големи инвестиции во општината, започна со патната инфраструктура. Во оштината би можело да се каже дека е реконструирана или изградена 90 проценти од патната инфраструктура, изјави Груевски.

 

 

 

03.08.2017 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега