Гори депонијата во село Арачиново

Депонијата во Арачиново која веќе неколку денови гори претставува сериозен проблем по здравјето на  жителите на Арачиново и другите околни села. Жителите за Алсат М велат дека се песимисти оти овој проблем ќе се реши, па затоа веќе најавуваат протести и блокирање на патот меѓу Арачиново и Липково.

“Треба да се најде итно решение, во спротивно народот ќе излезе на протести и ќе го блокира регионалниот пат, а мислам дека ќе се преземаат и порадикални мерки“.

“Таму отпад горат сите села и многу е лошо. Не можеме да отвориме врата од лошата миризба. Тоа е болест. Една цигара да запалиш штети се околу, а депонијата ги загадува сите села. Од Куманово носат отпад и го горат тука. Да беше на друго место тоа нема да се дозволи“, велат жители од Арачиново.

Депонијата неколку години е проблем за тамошните жители, ноогнот и чадот кој се шири уште повеќе ја зголемуваат опасноста за појава на некоја епидемија.

“Ни пречи, особено таму горе каде живееме. Гори и се шири голем чад. Многу ни пречи, а имаме и болести од тоа“

“Ни пречи и тоа многу. Долго време никој не го решава проблемов, никој не презема мерки. Каде е пречката и целта на ова не знаеме“, додаваат жителите.

Извор: Alsat M

 

 

 

03.08.2017 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега