Данев до СДСМ: Не сакам да бидам во ваша кожа, празникот на Мечкин Камен го прославивте со стотина луѓе

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев на денешната собраниска седница на која се расправа за ребалансот на буџетот се надоврза на разговорот на пратениците на СДСМ кои што тврдеа дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ требало да бидат во паника.

-После вчерашниот ден и националниот празник Илинден јас не знам кој треба да биде во паника. Дали треба да биде актуелната влада која што гледаме и со колку луѓе го прослави Илинден на Мечкин Камен и во Пелинце и овде во Скопје или опозицијата кога имаше власт, како го прославуваше овој национален празник. Кој е во паника знаат граѓаните. Не сакам да бидам во ваша кожа пратеник на една ваква позиција која што националниот празник на Мечкин Камен го прославува со стотина луѓе од кои осумдесетина се обезбедување. Нека ви служи на чест, истакна Данев.

Во однос на капиталните инвестиции тој праше кога последен пат СДС ги зголемиле платите на професорите односно личниот доход?

-Еве ве прашувам дали знаете кога последен пат професорите и наставниците во Република Македонија добија повисоки плати кога на власт била СДСМ и коалиција било каква. Велите задоволни родители? Задоволни родители, да со бесплатен превоз за своите деца ученици, со бесплатни учебници, со Кембриџ програми, наставни програми и учебници, истакна Данев.

Данев ги запраша колегите од СДСМ дали еднаш кога биле на власт ги покачиле стипендии и кредити или ги наградиле најдобрите ученици за освоени награди на државни и меѓународни натпревари. Истакна дека треба да имаат политички кредибилитет за да можат да зборуваат па тогаш граѓаните да им веруваат.

-Кога сме кај капитални инвестиции  58 милиони евра  кратите кај капитални инвестиции. Дали ние имаме кребилитет да зборуваме за капитални инвестиции? Автопатот од Скопје до Гевгелија, колку километри автопат вие имате реконструирано колку владата на ВМРО-ДПМНЕ? Еден километар автопат немате реконструирано дури ни оној од Демир Капија до Смоквица не ви е мерак да го пуштите бидејќи ВМРО-ДПМНЕ го изгради и го направи, вели Данев.

 

 

 

 

03.08.2017 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега