Додовски: СДС несериозно пристапува и кон решавањето на дивите депонии во Куманово, Струмица и Тетово

Несовесниот и неодговорниот однос на Владата на СДС во делот на животната средина, имаме можност секодневно да гледаме, но и оправдано да стравуваме од еколошките бомби кои се појавуваат насекаде околу нас, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Марјан Додовски на денешната прес-конференција истакна дека наместо да има активност на решавање на проблемите, пред нас има ретроградни процеси и импровизаторски активности.

-Владата на СДС со месеци и со сите владини функционери испратени во Струга не може да изгаси една депонија која и ден денес го труе народот во Струга и во целиот регион. Оваа екоклошка катастрофа предизвикува огромна штета пред се врз здравјето на граѓаните, врз животната средина меѓутиа ја уништува и туристичката сезона во овој регион. И сега после сите штети кои настанаа најавуваат наводно итно решавање на проблемот. СДС остана глува на барањето на граѓаните во Струга заедно со здруженијата за заштита на животната средина од овој град, кои преточено во амандман кој се однесуваше на ребалансот на буџет, да се санира и конечно реши овој проблем, посочи Додовски.

Вели дека тоа го покажува целото лицемерие, негрижа и неодговорност во работата на СДСМ.

-СДС подеднакво несериозно пристапува и кон решавањето на дивите депонии кои се појавуваат и во Куманово, и во Струмица и во Тетово кои исто така претставуваат сериозна еколошка темпирана бомба можеме да претпоставиме какви се последци може да предизвикаат доколку им се случи пожар како што е овој во Струга. Владата на СДС не само што не предвидува дополнителни средства за решавање на овие проблеми кои ги имаат општините, туку напротив и ги крати. Ова е стратешка и институционална грешка, која може да има далекусежни последици. Впрочем како поинаку да се толкува одлуката на Владата на СДС која скрати  неколку милиони евра во планираниот ребаланс на Буџетот за 2017 во делот за заштита на животната средина, потенцира Додовски.

Според него, ова само укажува каков ќе биде односот на СДСМ кон оваа проблематика од исклучителна важност за квалитетот на живот и здравјето на луѓето.

-Тие како и во други области и во областа на заштитата на животната средина и природата, само ја потврдуваат нивната добро позната пракса, додека се опозиција знаат да бидат лицемерни, загрижени и да ветуваат, а кога доаѓаат на власт го покажуваат целото свое неработење, неспособност и индиферентност кон барањата и потребите на граѓаните, рече Додовски.

 

 

 

 

30.07.2017 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа