Тони Зен е Тони Петковски ДЈ Бабура е Љупчо - погледнете кои се вистинските имиња на македонските ѕвезди

Ги знаете ли вистинските имиња на македонските пејачи и диџеи? Весникот Нова Македонија открива дека Тони Зен всушност се вика Тони Петковски, Слаткаристика е Марко Маринковиќ, а ЛД Пистолеро е Владимир Пешев.

- Користењето на друго име на сцената го правам затоа што јас таму сум друг човек и не сум истиот од секојдневниот живот. Моето вистинско име е Тони Петковски, но на сцената јас сум Тони Зен. Тоа всушност е моето музичко алтер его и така ме знаат сите. Не водам двоен живот, но различен сум кога сум на сцена, вели раперот за Нова Македонија.

И домашните диџеи на инвентивен начин ги “скриле“ нивните вистински имиња. 

Меѓу диџеите е Панчо, познат уште и како диџеј Шорти Пи, кој во приватниот живот е Владимир Блажев. Еден од постарите диџеи, Љупчо Петрески, е човекот кој се крие зад псевдонимот Бабура, а неговиот колега Кирил Зарлинов пушта музика под името Ерик Фокс. Всушност, неговото диџејско име е наопаку прочитано неговото вистинско име  (Кире - Ерик). 

Во Македонија постојат и постари музичари кои се кријат зад инвентивни прекари. Таков пример е Џина Папас Џокси, некогашниот пејач на „Макакус“, чие вистинско име е Ѓорѓе Васиќ.

- Првото преставување во јавноста под ова име беше на мојот прв солистички концерт одржан во 1987 година, во хорската сала на МБУЦ. Прекарот е во чест на мојата прерано почината мајка Гина Попова, с. Ранци, Егејска Македонија. Додека живееле во Грција го носеле презимето Папас (Попови), оти потекнувале од попска фамилија, а Гина нагалено ние си ја викавме Џина. Таа беше многу убава жена, чија убавина ја споредувавме со Џина Лолобриџида. На тоа Џина Папас си го додадов и мојот прекар Џокси, кој си го носам уште од младоста. Џина Папас Џокси толку многу ми влезе во употреба што понекогаш и сам си го заборавам вистинското име. Еднаш, на забар, не си го препознав името и презимето, па чекав три часа додека не се изнаредија сите - вели Џина Папас Џокси за Нова Македонија.

21.08.2013 - 16:18
Фото: 
идивиди