Странски новинари и туроператори ја “меркаа“ Демир Капија

 

Група странски новинари и туроператори во последниве два дена ја шетаа Демир Капија, во рамки на проектот за прекугранична соработка помеѓу оваа општина и општината Лерин од Грција.

Станува збор за проект финансиран од Европската Унија со над 300 илјади евра и во чии рамки се гради туристички едукативен тренинг центар во Демир Капија, единствен од ваков вид во поширокиот регион.

Целта на посетата беше да се запознаат со туристичките потенцијали на демиркаписката општина и Тиквешкиот регион.

- Општините Лерин и Демир Капија располагаат со огромни природни богатства кои заслужуваат да бидат видени од туристите. Би било добро кога тие богатства би се презентирале во заеднички неколкудневни туристички аранжмани, рече менаџерот на проектот Јован Јованов.

Во рамки на посетата на Македонија гостите во изминатите два дена имаа можност да ги видат винарските визби „Еленов”, „Тиквеш“ и „Стоби”, како и да дегустираат од квалитетните вина кои се произведуваат во овие винарии.

21.08.2013 - 15:55
Фото: 
panoramio.com

најчитано сега