Почина професорот Димитар Качурков

Димитар Качурков, редовен професор во пензија од Факултетот за  електротехника и информациски технологии-ФЕИТ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј почина денеска во Скопје.

По тој повод Факултетот за електротехника и информациски технологии-ФЕИТ утре ќе одржи Комеморативна седница во 10 часот 30 минути во просториите на Амфитеатарот на факултетот.

Посмртните останки на Качурков ќе бидат изложени утре во Капелата во Бутел од 11:30 до 12:30 часот.

21.08.2013 - 15:15

најчитано сега