Бучковски и Јакимовски со нови политчики партии
Нови партии и движења на политичката сцена. Владо Бучковски и Стевчо Јакимовски не се враќаат во својата матична партија, ќе делуваат самостојно. За нив СДСМ е веќе минато. Поранешниот премиер и лидер на социјалдемократите, заедно со Минчо Јорданов и Љупчо Зиков ќе ја формира граѓанската алијанса за позитивна Македонија.
„Идејата е да промовираме повеќе позитивни проекти, кои ќе покажат дека во Македонија може да се култивизира политичкиот дијалог, може да се настапува позитивно, без говор на омраза и дека може на Македонија да и го вратиме граѓанинот во центарот на вниманието. Притоа претендираме да бидат инволвирани повеќемина недоволно афирмирани луѓе на политичката сцена, авторитети од бизнисот, науката, млади луѓе кои досега не биле во политиката“, изјави Бучковски.
Бучковски најавува дека движењето ќе се појави кон крајот на мај или почетокот на јуни. Во меѓувревеме неговиот некогашен сопартиец Јакимовски сериозно размислува за формирање на нова опозициска партија. Екс премиерот ги респектира неговите плановите.
„Минатата недела имавме еден отворен, другарски разговор ми ги соопшти неговите планови и можам да заклучам дека во иднина сме компитабилни, според она што паралелно го правиме. Јас затоа велам она што јас, Јорданов и Зиков го почнуваме не е партија, а Јакимовски размислува за партија, номи рече дека ќе ја донесе конечната одлука по сериозни консултации, веројатно испитување на јавното мислење. Како и да е во иднина на Македонија и треба силен сојуз кој ќе биде блиску до граѓаните“, вели Бучковски.
Човекот кој повеќе од една година ја водеше опозицијата, е разочаран од начинот на кој се води постапката за избор на нов лидер на СДСМ. Делегатскиот систем и делегатите кои се избрани во 2011-тата како што вели по налог на Црвенкосвки не може да се очекува дека ќе донесат пресврт во партијата.