Пратениците продолжуваат да расправаат за медиумските закони - еве што се договорија со Ивановски

 

 

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски денеска прифати неколку амандмани поднесени од владејачкото мнозинство и опозицијата за Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Пратениците од опозицијата реагираа на прифаќањето на амандманот предложен од ВМРО-ДПМНЕ новата агенција за медиуми да се грижи за работата на издавачот на медиумот наместо радиодифузерот. Според нив, со ова агенција ќе има контрола врз сите медиуми, вклучувајќи ги и електронските и печатените. Забележаа исто така дека во законот нема дефиниција за тоа што е издавач.   

Министерот Ивановски дециден дека агенцијата нема да има ингеренции врз електронските и печатените медиуми.

Претходно не беше прифатен амандманот на опозицијата советот на агенцијата да ги издава дозволите за работа на медиумите, а не директорот. Ивановски појасни дека концептот на законот е различен од она што се предлага со аманданот и оти советот го избира директорот, а стручната служба ќе ги подготвува материјалите и пред да биде донесена одлука тие ќе бидат ставени на веб-страницата на агенцијата. 

Прифатен беше амандманот на опозицијата советот на агенцијата да дава одобренија за имотот на регулаторното тело и да одлучува за вработувањата и отпуштањата, наместо директорот.  Исто така беше прифатен и амандманот со кој опозицијата предлага директорот на агенцијата да не биде известен дека за него се води постапка за разрешување, како што беше предвидено со текстот, туку да остане делот со кој се предвидува тој да може да се брани пред советот на агенцијата.

Пратениците од опозицијата тврдеа дека законот се носи со цел власта да има целосна контрола врз медиумите и оти, а од владејачкото мнозинство реплицираа дека опозицијата е контрадикторна бидејќи кусо пред тоа Ивановски прифати амандман на СДСМ за ингеренциите на советот.

 

21.08.2013 - 14:48
Фото: 
alfa.mk

најчитано сега