Јовановски: Немојте да очекувате дека од СДС ќе кажат оти власта на ВМРО-ДПМНЕ направила нешто добро
Актерот и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Крсте Јовановски на денешната панел дискусија во седиштето на партијата истакна дека во 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ дојдоа на власт, ова било руина од држава и оти тие почнале од нула.
-Стигнавме до ваму до каде стигнавме. Немојте да се залажувате дека луѓето од СДС или СДСМ или ПДП, ќе кажат нешто добро, односно дека оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ направила, истакна Јовановски.
Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ, од држава која била на дното направила држава во сите сегменти на општествениот живот.
Според Јовановски, СДСМ го кочеле развојот на Македонија во секоја смисла на зборот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа