Парк и паркинг ќе никнат во центарот на Гостивар
Почнаа градежните работи за партерно уредување на заедничкиот двор на колективните станбени згради зад Трговскиот центар „Барок“ во центарот на Гостивар.
Со зафатот е предвидено на околу 1.000 метри кавдратни да има зелена површина и паркинг простор. За оваа намена од општинската каса ќе бидат издвоени повеќе од еден милион денари.
- Во претходна координација со станарите од колективните згради дојдовме до заклучок дека 60 отсто од површината треба да биде претворена во мини парк, а останатиот дел да биде простор за паркирање, рече градоначланикот Невзат Бејта кој симболично го означи старттот на градежните активности.
Жителите на станбениот блок во кој има три колективни згради, се соочуваа со проблеми поради нерегулирано паркирање и трупање смет.