Клаус: Бесен сум што спорот за името ги блокира евроатланските интеграции на Македонија

 

Многу сум бесен што прашањето за името ја блокира Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Сум учествувал на неколку дебати и во Европската Унија, а особено во НАТО како премиер и претседател на Чешка и секогаш отворено сум се залагал за Македонија. Мислам дека засега односите меѓу нашите две држави се одвиваат одлично, особено во последните неколку години и на политичко и на економско ниво и навистина се пример за добри и богати односи меѓу две пријателски држави, вели поранешниот чешки премиер Вацлав Каулас во интервју за Дневник. 

На прашањето дали тој смета дека во Унијата владее вистинска демократија, Клаус дециден - НЕ!

-Дефинитивно не! Она што во последно време е прифатливо или политички коректно во Европа е да се зборува за демократски дефицит. Ова е терминот што го користат европските комисионери. Но јас би рекол дека овој термин - демократски дефицит - е само еуфемизам, замена за состојбата бидејќи реалната ситуација во Европа е многу полоша. Не се работи само за дефицит, туку за недостаток. Дефицит би значело дека се соочувате со одредени мали проблеми, а овде се работи за фундаментални проблеми, што ме враќа на она што веќе го реков: демократија може да постои само во рамките на националните држави, во Македонија, или во Чешка, или во Шведска, но не можете да креирате демократија на ниво на еден континент. Не можете да имате европска демократија, азиска демократија или африканска демократија. Можете да имате демократија во една или друга азиска демократија, но не можете да ја централизирате на ниво на еден континент. Тоа е невозможна мисија! Што се донесува до принципите, тоа е друго прашање. На пример, Kопенхашките критериуми се одредени поенти, кои треба да ги исполнат новите држави што сакат да влезат во клубот. Друго прашање е дали станува збор за тоа дали овие правила за влез сe коректни, дали ве потценуваат кога ви мерат дали сте ги исполниле или дали играат политички игри преку критериумите, вели европскиот политичар за Дневник.

 

21.08.2013 - 14:11

најчитано сега