Петмина радовишани си присвоиле акумулатори “тешки“ 1.500 евра
Петмина Радовишани успеале за два месеци да украдат 14 акумулатори вредни околу 1.500 евра. Мета на крадците биле товарните возила во Радовиш и околината.
Акумулаторите кои си ги присвојувале, потоа му ги препродавале на нивни познаник кој ги продавал на откупен пункт за старо железо.
Полицијата поднесе кривични пријави за натрапниците.
21.08.2013 - 13:59